Меџити не чувствува одговорност за тоа што не присуствуваше на вондредниот прес, цело време бил „на линија со министерот за внатрешни работи“
Министерот за Животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, во денешната прес – конференција на Владата, изјави дека не се чуствува виновен зари тоа што вчера не беше на лице место при интервенциите во пожарот во кој се запали фабриката за рециклирање отпад “Ф-Групација“ во Трубарево.
На новинарско прашањето дали чувствува одговорност што после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и „на линија со министерот за внатрешни работи“, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.
-Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лабориотии, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек, рече Меџити.
Според информациите кои ги има јавноста во моментот додека пожарот беснееше и низ главниот град се ширеше чад во кој има токсични материи, штетни по здравјето на луѓето, Меџити имаше партиски активности и тоа го пренесуваше во живо на социјалните мрежи. Тој не присуствуваше ни на вондредната прес – конференција на министерот за Внатрешни работи, Панче Тошкоски.
Министерот за Животна средина, дури доцна по полноќ отиде на увид во Трубарево, каде преку својот Фејсбук профил даде кратко соопштение за медиумите.
(Фото) Изет Меџити го пропушти вонредниот прес во МВР поради партиски митинг
Меџити по партиските активности се огласи од Трубарево: Апелирам на смиреност и доверба во институциите – ситуацијата е под контрола!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити не чувствува одговорност за тоа што…
Министерот за Животна средина и просторно планирање,…
Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по…
Министерот за животна средина и просторно планирање…
Ангелов: Стојам зад тоа дека се работи…
Во денешната прес - конференција на Владата…
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со…
Во врска со пожарот во магацински објекти…
Д-р Филипче: Да се обезбедат медицински прегледи…
-Состојбата по вчерашниот пожар во Трубарево е…