Меџити: Одлични односи со Косово – ја градиме иднината преку партнерство

t

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со косовскиот премиер Албин Курти, потврдувајќи ја, како што истакна, заедничката посветеност на регионалната соработка, стабилноста и долгорочниот развој.

„Односите меѓу Северна Македонија и Косово се на највисоко ниво досега – изградени врз взаемна почит, заеднички интереси и јасна визија за иднината,“ напиша Меџити по средбата.

Тој нагласи дека двете земји се решени да градат нови мостови на соработка и да ги зајакнуваат соседските врски кои ќе им служат на граѓаните и целиот регион.

„Кога соседството станува партнерство – регионот се менува. А ние имаме волја да го смениме,“ порача Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Одлични односи со Косово – ја…

Првиот вицепремиер и министер за животна средина,…

Курти: Секогаш е задоволство да се дојде…

Косовскиот премиер Албин Курти денес од Скопје…

Косово привремено забрани увоз на овци и…

Привремено е забранет увозот во Косово на…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…