Меџити од САД: Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност
Во рамки на официјалната посета на Вашингтон, првиот потпретседател на Владата Изет Меџити учествуваше на Меѓупарламентарниот безбедносен форум што го организираа конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт.
На овој форум се разговараше за безбедносни прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО.
Во својот говор пред учесниците на Меѓупарламентарниот безбедносен форум, Меџити истакна дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.
„С.Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир”, истакна првиот вицепремиер.
Инаку, на овој форум учествуваа и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги споделија своите искуства во безбедносните предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…
Вицепремиерот и министер за животна средина и…
Министерот Меџити најави околу Нова година нови…
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…
Меџити: Се залагаме во Македонија да не…
Демократско движење се залага во Македонија да…
Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно…
Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во…
Меџити: eден месец пред скандалот на Онкологија…
Имавме индиции дека во минатото се случила…