Меџити: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

t

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска одржа средба со деканите на медицинските факултети во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, во Штип, проф. д-р Милка Здравковска и претставник од деканатот на медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. На состанокот се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на овие факултети, каде во тек е рокот за доставување апликации.

Првпат оваа година, специјализации се отворија и на Медицинскиот факултет во Тетово.

На средбата стана збор за предизвиците со кои се соочуваат специјализантите, како и за подобрување на условите за работа и едукација.

-Младиот кадар е иднината на здравствениот систем, во нив континуирано вложуваме со цел намалување на трендот на мигрирање на нашите едуцирани лекари во странство. Веќе е во тек процес за промена на правилникот за специјализации, согласно европските примери и практики, со цел надополнување на специјалистичкиот кадар согласно конкретните потреби на јавните здравствени установи, посочи министерот Меџити на средбата.

На средбата се разговараше и за можноста за околу 600 нови вработувања во областа на здравството кои се презентирани на седница на Влада, како и за можностите за вработување на приватните специјализанти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…

Меџити: Се залагаме во Македонија да не…

Демократско движење се залага во Македонија да…

Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно…

Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во…

Меџити: eден месец пред скандалот на Онкологија…

Имавме индиции дека во минатото се случила…