Меџити повторно пуши во Влада: Никој не реагира на кршењето на Законот!
Вицепремиерот Изет Меџити повторно неуспешно се обидува да ги сокрие цигарите и пепелниците во неговата канцеларија, но повторно неуспешно.
На фотограгија објавена на социјалните мрежи каде е означен и Изет Меџити, се гледа дека некој се обидел да ги сокрие цигарите од кадарот за фотографирање, но џабе.
Инаку, согласно Законот за заштита од пушењето, забрането е пушење во затворени простории, меѓу кои посебно се истакнати простории на државните органи.
Инаку, Меџити и претходно беше фотографиран со пепелник во владините простории, а за ова не реагираше никој, па ниту најмногу повиканиот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, кој го донесовме дури од Белгија.
Фетаи се уште не одговара на прашањата на Инфомакс поврзани со прекршувањето на овој закон од страна на неговиот колега Меџити.
Вицепремиерот за добро владеење служи за да ги опомени политичарите, особено владините функционери доколку прекршат некој закон, но во Македонија тоа некако не функционира, можеби затоа што вицепремиерот уште учи македонски јазик, бидејќи претходно изјави дека ќе зборува на албански и англиски, затоа што не можел да се изрази на македонски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…