Меџити: Работиме на подобрување на условите во сите болници и клиники

t

-Клиниката за хематологија низ годините создаде тим кој го следи напредокот во дијагностиката и третманот на хематолошките заболувања. Драго ми е што на оваа Клиника има и многу млади лекари, помлади хематолози чиј професионален развој секогаш ќе го поддржувам и како Министерство за здравство ќе помагаме да изградат успешна кариера овде на нашата Клиника, изјави министерот за здравство Фатмир  Меџити, на третиот меѓународен конгрес за хематологија.

Министерот рече дека инвестициите во сите сегменти во здравството се врвен приоритет и дека Министерството за здравство ќе продолжи да гради одржлив и квалитетен здравствен систем за граѓаните.

Третиот меѓународен конгрес за хематологија, кој на едно место ги собра најголемите стручњаци од оваа област во Европа и е одлична можност за размена на искуства и новини од областа на хематологијата, третманот на хематолошките болести, а отвори врата и за унапредување на соработката меѓу домашните и странските лекари.

-Со поддршка на Министерството за здравство на Клиниката за хематологија беше инсталиран нов проточен цитомер, со што се унапреди и осовремени работата на Клиниката. Исто така лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката која е единствена во нашата држава, врши  дијагностицирање и ги следи ефектите од терапијата и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести, изјави Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…