Меџити: Се залагаме во Македонија да не постојат казина
Демократско движење се залага во Македонија да не постојат казина, се залагаме за нивно целосно укинување, изјави лидерот на таа партија Изет Меџити.
По панел дискусијата на тема „Негативното влијание на казината и коцкањето врз семејството и соочувањето со оваа девијантна појава“, Меџити во изјава за новинарите рече дека како партија се залагаат за целосно укинување на казината во земјава.
„Можеме да го поддржиме Законот за дислокација на казината, можеме и да го поддржиме предлогот на Алијанса за Албанаците кој предвидува казина да има само во хотелите со пет ѕвезди, но сепак, Демократско движење ќе се залага за целосно укинување на казината во земјава“, нагласи Меџити.
Тој оцени дека преку јавната дебата за казината и брзите кредити произлегуваат интересни заклучоци како да се спречат овие девијации и нивните последици, како што се насилство во семејството, делба на бракови, губење на богатството, што пак, нагласи, е доказ повеќе да се истрае во барањето за целосно затворање на казината.
Меџити рече дека со години се зборува дека казината треба да се дислоцираат 500 метри од училиштата и градинките, но истакна, Министерството за финансии постојано издава лиценци на нови синџири на казина, отвора нови тендери за купување на апарати за казината и одобрува финансиски друштва што издаваат брзи кредити.
„Деновиве бевме присутни на еден театар во Комисија за европски прашања, предводен од Арбер Адеми, каде што се зборуваше како треба да се дислоцираат казината 500 метри од училиштата и градинките, а во суштина се доделуваат лиценци за нови казина и тоа токму од ресорот предводен од ДУИ, од моите поранешни соработници, чии лиценци ги издава министерот за финансии. Директорот на Лотарија секојдневно објавува нови тендери за купување на апарати за казина. Исто така за жал, со брзите кредити кои не одат преку Народната банка каде има строги критеркуми, се легализира лихварството. А лихварството е со согласност од министерот за финансии. Па тогаш, за што зборуваме?“, рече Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Меџити најави околу Нова година нови…
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…
Меџити: Се залагаме во Македонија да не…
Демократско движење се залага во Македонија да…
Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно…
Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во…
Меџити: eден месец пред скандалот на Онкологија…
Имавме индиции дека во минатото се случила…
Владата пресече: Се забрануваат казина и игри…
Владата, на денешната седница, го утврди и…