Меџити: Убеден сум во уставните измени до крајот на годинава

t

Иако Албанија се одвои од пакетот со Македонија и ќе го отвори првото поглавје во преговорите со Европската унија, повторно првиот вицепремиер Изет Меџити е оптимист дека уставните измени ќе се спроведат до крајот на оваа година. Тој за КликПлус на ТВ21 изјави дека интензивно работат на придвижување на ова прашање.

„Претходните влади многу зборуваа, но ништо не направија. Помалку зборуваме и мислам дека интензивно работиме на изнаоѓање решенија и придвижување на ова прашање. Убеден сум и секојдневно работиме во оваа насока“, рече Меџити.

За Законот за јазиците,министерот за животна средина вели дека тој нема можност да се укине. Рече дека Законот треба да се унапредува бидејќи и онака не е целосен, алудирајќи на дефиницијата „најмалку 20 проценти“. Тој спомна три члена на законот, кои се во врска со униформите на полицијата и армијата, банкнотите и судските постапки.

-Доколку условно се бришат овие три члена, ќе видиме една политичка состојба за да дебатираме за закон кој ќе го унапредува албанскиот јазик, но ќе биде и во согласност со Уставот, со цел да не оставиме простор во иднина некој да го толкува како што сака. Но сакам да заокружам дека не се загрозува албанскиот јазик како службен. Тој е дел од правниот систем. Значи како што останал. Во Влада се користи, во Парламент се користи, во институциите се користи, вели Изет Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Убеден сум во уставните измени до…

Иако Албанија се одвои од пакетот со…

Асанж: Слободен сум затоа што се изјаснив…

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (53) денеска…

(Видео) Кривична пријава за 18 полицајци и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

(Видео) Израелците со фосфорни бомби ја започнаа…

Израелските сили користат муниција со бел фосфор…

Тошковски најави „Уан стоп шоп“ на граничните…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави…