Меџити ѝ честиташе на Албанија и порача дека Владата работи за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити ѝ честита на Албанија за отворањето на кластерот во преговорите за членство во Европската унија, истакнувајќи дека тоа е голем ден за Албанија и за албанскиот народ насекаде во светот кој ќе остане запишан во современата историја на Албанците.
„Отворањето на првото преговарачко поглавје е успех за институциите и лидерите на албанската држава. Воедно, овој успех претставува дополнителна мотивација за нашата земја да продолжи со политички и дипломатски напори за почеток на преговорите за поглавјата за членство во Европската унија што е можно поскоро“, објави Меџити на Фејсбук.
Вицепремиерот истакна дека македонската Влада ќе продолжи да работи со зголемена динамика за изнаоѓање решение за билатералниот спор со Бугарија со усвојување на уставните измени во најкус можен рок.
„Нема очај! Нема враќање во процесот на европеизација! Продолжуваме напред посилни, порешителни, пообединети од кога било“, додал Меџити.
Земјата претседавач со ЕУ, Унгарија, вчера предупреди дека овој значаен момент доаѓа во време кога опаѓа кредибилитетот на процесот на проширување.
„Верувам дека Северна Македонија заслужува суштински да ги почне преговорите. Знаеме кои се пречките и како унгарско претседателство и земја која е про-ЕУ, ќе ги поддржуваме двете земји колку што е можно побрзо да одат низ процесот. Ние овој процес го сметаме за еден од најважните процеси на ЕУ и мора да разбереме дека кредибилитетот е изгубен, бидејќи просечното време на чекање на земјите кандидати од Западен Балкан надмина 15 години“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто од Луксембург, каде што се одржа Втората меѓувладина конференција на Албанија со ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…