„МЕ БЛОКИРАЛА НА ФЕЈСБУК. КОЛКУ ДЕТСКА ПОСТАПКА“: Ванковска со остра критика кон претседателката

t

Добро е! Претседателката го прочитала писмото! Како знам? Па ме блокирала повторно на ФБ! Колку детска постапка!!

Ова го напиша на социјалните мрежи, професорката и некогашна кадидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска.

Ванковска испрати отворено писмо до претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, поврзано со случувањата во Газа проследено со апел за поразлично претставување на Генералното собрание на ООН во септември.

– Инаку, кога сум веќе на оваа тема. Чув дека препорачува вестите да почнувале со настани од културата, спортот и сл, а политика на крај! Не ми се верува дека е ова истата жена која како професорка ги учела студентите што е polites (активни граѓани) и idiotes (оние кои не се грижат за јавните работи, туку си уживаат во работи што нив ги прават среќни). Според оваа “логика”, ние за јавните работи (res publica ) или не дај боже за геноцид треба и да не слушаме. Треба да си се затвориме во меурот (оној кој таа си го изградила очигледно и веќе со години, како пратеничка и претседателка, ужива во него). Ама ние живееме реални животи. Како што велеше Бертолд Брехт: ти може не се занимаваш со политика – ама таа се бави со твојот живот.

Таа бара културализација, односно деполитизација на јавноста во време на општа и длабока криза. Нам ни недостасува политизација во аристотеловска смисла, креирање заедница околу јавно добро и доблест. Ескапизам со култура и спорт и златни славејчиња одговараат на богати и/или страшливци. Еден ден може да чуеме и препорака да јадеме колачи ако немаме за леб – напиша Ванковска на Фејсбук.

Потоа додаде „оваа ‘британска кралица’ е всушност ‘принцеза на зрно грашок’ – бега од јавна критика, затвора очи пред милитаризам, не гледа глад и смрт, ги слуша Мицкоски, Тимчо и Момировски. Кажете една државничка работа што ја покренала или направила таа во интерес на државата?“.

Потоа заклучи: Цел живот да предаваш уставно право и на крај во пракса да ја упропастиш функцијата шеф на држава – тоа е навистина неверојатно постигнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„МЕ БЛОКИРАЛА НА ФЕЈСБУК. КОЛКУ ДЕТСКА ПОСТАПКА“:…

Добро е! Претседателката го прочитала писмото! Како…

(Видео) Студентите објавија фотографии од повредени колеги…

Студентите во блокадата на Природно-математичкиот факултет во…

Жичницата на Водно повторно во употреба

Жичницата „Милениумски Крст“ повторно е во функција…

Германската влада го прифати предлогот за поттикнување…

Германската влада одобри закон со кој се…

Апасиев: Да не беше Миле Лефков од…

Димитар Апасиев на Фејсбук објави кратка објава,…