МЗ: ВМРО-ДПМНЕ измислува лажен непотизам и злоупотребува луѓе
ВМРО-ДПМНЕ очигледно е длабоко погодено од позитивните промени кои се случуваат во здравството откако министерот Фатмир Меџити раководи со институцијата. Длабоко ги боли фактот што министерот обезбеди вработувања за 1117 здравствени работници и сега се обидуваат да измислат лажен непотизам како би прикажале дека на тој начин ќе се вршат вработувањата, велат од Министерството за здравство како реакција на денешното соопштение од најголемата опозициска партија.
Од ресорот велат дека „ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви аргументи, ниту реални критики на работењето, па затоа мора да се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот Меџити“.
-Министерството за здравство во целост ги отфрла овие манипулации на опозициската партија. Целосна лага е тврдењето дека министерот вработувал лица од сопственото семејство. Лицата кои бесрамно ги злоупотребува ВМРО-ДПМНЕ се со години вработени во јавниот сектор, а министерот нема никаква врска со нивното вработување. Понатаму, советникот за кој ВМРО-ДПМНЕ се срами да го спомне името е интервентниот кардиолог Хајбер Таравари, еден од најголемите професионалци во ова поле. Тој е ангажиран заради својата експертиза и знаење, а не по партиски клуч како што тоа со години го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од МЗ, додавајќи дека „за кратко време, реализирани се крупни инвестиции, се вработуваат здравствени работници, се обезбедуваат нови лекови, а во време на ВМРО-ДПМНЕ, здравството беше само поле за корупција и криминал“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Подадов рака за вистински реформи во…
Правдата беше едно од клучните ветувања на…
Филипче: Власта демонстрира бесчувствителност, ароганција и тотално…
По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Димитријевиќ: За една година ВМРО-ДПМНЕ ја понижи,…
По една година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ,…
ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност ги…
Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ соопшти дека на…
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…