Миа Костова: Монако може да ни позавиди, едно излегување од дома 100 евра! Чоки, пиши статус, утеши нѐ
Водителката и инфлуенсерка Миа Костова на нејзиниот Фејсбук профил го повика поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски да “не утеши во врска со поскапувањата”. Дополнително коментира дека Монако може да ни пзавиди, едно излегување од дома чини 100 евра.
– “Ѓорѓи Галетановски дај бе Чоки пиши нешто, утеши нѐ во врска со поскапувањата, кажи ни зошто е тоа добро, па потсети ги мајку му за покачувањето на минималецот, кажи им сеа дека со минималец можат нормално да живеат цели 4 дена у месецот. Ако се домаќини може и недела дена да прогураат.
Дојде живот, излагање од дома 100 евра. Па Монако може да ни позавиди. Нашле па зашле, само да се мрчи по социјални мрежи!”, напиша Костова на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ и ССНМ реагираат: Владините прес-служби не…
Група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово…
Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…
Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…