Објавено на:

МИГРАНТ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ДИГНЕ ВО ВОЗДУХ ЦЕВКИТЕ НА ГАСОВОДОТ Шефот на српското разузнавање тврди дека експлозивот е американски

t

Директорот на Српската воена безбедносна агенција (ВБА) Ѓуро Јованиќ на прес-конференција во врска со откривањето експлозиви во близина на гасовод во Војводина изјави дека службите имале информации дека лице од група мигранти ќе се обиде да ја саботира гасната инфраструктура.

Јованиќ додаде дека со месеци предупредувале за можноста за таква закана, но биле дочекани со скептицизам, пренесува РТС.

– Со месеци го предупредувавме врховниот командант, претседателот Александар Вучиќ, како и државното раководство, дека може да се случи нешто како она што се случи денеска. Да бидам искрен, наидовме на скептицизам, неодобрување и несогласување. Како во случајот кога моравме да презентираме релевантни индикатори дека гасната инфраструктура може да биде загрозена – рече Јованиќ.

Според него, државното раководство, кое се грижи за трошоците, истакна дека станува збор за исклучително скапи мерки кои бараат и голем напор за припадниците на армијата.

Тој истакна дека на денешната акција ѝ претходела висококвалитетна оперативна работа на терен и добра размена на информации со други служби.

– Имавме информации дека лице од група мигранти, на воена возраст, ќе се обиде да ја саботира гасната инфраструктура.Тоа лице сигурно ќе биде приведено. Единственото прашање е дали истрагата ќе трае три дена или повеќе месеци – рече Јованиќ.

Тој додаде дека пронашле спакуван експлозив.

-Денес пронајдовме специјално спакувани експлозиви, херметички затворени, капсули за детонатор подготвени и спакувани за транспорт, како и детонаторска палка и алатки и опрема за подготовка на експлозиви за диверзија. Ќе ви кажам еден детаљ од истрагата, според ознаките на експлозивот, може да се види дека е произведен во САД – рече Јованиќ.

Надлежните служби претходно објавија дека станува збор за сериозен безбедносен инцидент што може да има далекусежни последици за енергетската стабилност на Србија и регионот.

Обвинителката на Вишото јавно обвинителство во Суботица, Младенка Манојловиќ, изјави дека обвинителството го квалификувало случајот како кривично дело нелегално производство, носење и трговија со оружје и експлозивни материи во врска со кривичното дело диверзија.

Претседателот Александар Вучиќ, исто така, ја објави акцијата на полицијата и српската армија во општина Кањижа.

– Пронајдени се два ранци и два големи пакети со експлозиви со стапови, а има и други траги – рече Вучиќ.

Министерството за одбрана објави дека припадниците на безбедносните сили продолжуваат да работат на терен за да пронајдат дополнителни траги и да идентификуваат и гонат лица кои може да се поврзани со настанот.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Украинците би можеле да стојат зад наводниот обид за дигање во воздух на гасоводот „Турски тек“ на територијата на Србија. Сијарто ги изнесе овие тврдења по седницата на Унгарскиот совет за одбрана.

Набрзо се појавија теории дека станува збор за лажен напад, извршен со цел унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја зголеми својата поддршка пред парламентарните избори, кои се одржуваат за една недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МИГРАНТ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ДИГНЕ ВО…

Директорот на Српската воена безбедносна агенција (ВБА)…

Трамп пак се пишмани : „Вторник, 20:00…

Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го појасни…

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од…

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН…

По острите закани кон Иран, Трамп сега…

По острите закани што ги упати вчера…

Нафтата може да скокне до 150 долари:…

Американската инвестициска банка JPMorgan Chase предупредува дека…