Милановиќ во негов стил: Кога е happy hour не може да биде само за Украина, ако се пие пијат сите!
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска повторно побара на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус за влез во Европската Унија.
Лидери на земјите членки на ЕУ денеска и утре на самит во Брисел одлучуваат за кандидатски статус за Украина и за Молдавија, за што постои силна поддршка.
-Кога е „Happy hour“ сите пијат поевтино, тоа не може да биде „happy hour“ само за вас. И сега имаме можност да кренеме палци на БиХ, рече Милановиќ.
Милановиќ повторно побара ист статус да добие и Босна и Херцеговина. Во ова, тој има одлучна поддршка од словенечкиот претседател Борут Пахор, а на иницијативата се придружи и Австрија.
– Во име на сите членки слушаме дека Украина ќе добие кандидатски статус. Молдавија исто така. Во ред, Украина нека добие статус кандидат, но и таа, како и Молдавија, имаат некои големи проблеми, изјави Милановиќ, истакнувајќи оти земјите не исполнуваат ниту еден услов.
Според него, „тоа е шанса да ѝ се додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина, како чин на доверба и на надеж“. Тој не гледа како некој би можел да биде против тоа.
Хрватскиот претседател оцени дека темата за Босна и Херцеговина, статусот на Хрватите и нивното распаѓање е витален хрватски национален интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милановиќ: Израел ги изгуби моите симпатии
Ги осудив убиствата, дури и изразив згрозеност…
Милановиќ: Европа на Макрон со повеќе брзини…
Ако ЕУ продолжи да инсистира да бидат…