Милановиќ до Вучиќ: Косово е реалност и Србија мора да се навикне на тоа!

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се осврна на изјавата на својот српски колега Александар Вучиќ, кој вчера се потсмеваше со него.

Во текот на говорот во Генералното собрание на ОН, Милановиќ ги повика членките да ја признаат независноста на Косово, а Вучиќ се потсмеваше со Милановиќ.

„Еве, гледа, овие 100 земји застанаа во ред да го послушаат Милановиќ, сите се туркаат. Ене таму велат: Нè повика Милановиќ, па стоиме да потпишеме за независно Косово. Видела жабата дека коњот се потковува, па и таа нешто да каже по тоа прашање“, кажа вчера Вучиќ на барањето на српските новинари да ја искоментира изјавата на Милановиќ.

На ова му одговори хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Освен што ги повикав Србија и Косово да се држат до договорот и она што е потпишано, како претседател на Републиката кажав дека го поддржувам правото на албанскиот народ на Косово и косовската држава на определување, како што го подржувам и нивното членство во Обединетите нации. Србија тоа може да го опструира, тоа и го прави, но Србија е свесна дека Косово е реалност. Не е лесно, но ќе мора да се привикне на тоа“, кажа Милановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…

Европската унија нема да поддржи нешто во…

Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…

Во петокот рано наутро дошло до пукање…

Мали: Србија е на прво место по…

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…

ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…

Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…

Србија ги прати во Косово посмртните останки…

Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…