Милановиќ најавува трет ентитет во БиХ: Тоа е екстремно, но ќе морам да го поддржам
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ оцени дека ситуацијата во соседна Босна и Херцеговина е сериозна, при што ги критикуваше и потезите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
На новинарското прашање на кој начин состојбата во Босна и Херцеговина може да ја загрози безбедноста на Хрватска, бидејќи претходно Милановиќ ѝ предложи на хрватската влада состанок на Советот за национална безбедност за изборите во октомври во БиХ, Милановиќ кажа дека „да кажеме да дојде до бунт во БиХ, Хрватите да се отцепат или да прогласат трет ентитет, значи, тие со тоа се закануваат“.
„Мене тоа ми е екстремно, тоа е крајната варијанта, во која јас, со ваков бедник од премиер, ќе морам да ги поддржам. Јас го правам ова за тоа да се избегне“, кажа Милановиќ.
Оцени дека во тој случај луѓето уште повеќе би се отселувале од БиХ, и дека главно би доаѓале во Хрватска.
Претседателот на Хрватска порача дека Хрватите во БиХ „не можат да се одбранат“.
„Заштитете го тој народ доле. Спречете го ширењето на НАТО, само за да се слушне нашиот глас. Финска е безбедна, нема Русија да ја нападне. Русија заглави во Украина и тоа ќе трае“, порача Милановиќ.
Хрватскиот претседател оцени дека во меѓународната политика Скандинавците се третираат „како повисок квалитет и раса“ во однос на Албанија и Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Албанската азбука е помошен материјал во…
Дидактичките материјали кои се во употреба, ќе…
Пентагон бесен на Киев: За 2 месеци…
Украина се соочува со недостиг на ракети…
Финансиска полиција: Кривична пријава против 8 лица…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Израел „се обложува на погрешен коњ“ во…
Високи турски претставници во неделата предупредија дека…
СДСМ: Тошковски и Обвинителството да го повикаат…
Откако лидерот на ДУИ застана во одбрана…