Милановиќ под лупа на институциите, медиумите не смеат да ги пренесуваат неговите изборни изјави
Државната изборна комисија на Хрватска соопшти дека законски валидни се 165 листи за парламентарните избори закажани за 17 април, а за време на предизборните кампањи, како што е најавено, посебно внимание „ќе биде насочено кон претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, објави „Н1“.
„Она што ќе ја направи оваа кампања особено специфична е фактот што претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, се вклучи во парламентарниот натпревар како премиерски кандидат на листата предводена од Социјалдемократската партија (СДП). Секако, поради сето тоа и поради мислењето на Уставниот суд, дека неговата кандидатура не е во согласност со Уставот, тој доби бројни опомени и од судот и од изборната комисија и ќе биде под лупа во наредните 15 дена“ , изјави потпретседателот на ДИК Јосип Салапиќ во Дневник Хрватске-Радио телевизија.
ДИК соопшти дека „изборните изјави“ на Милановиќ не смеат да бидат дел од изборните блокови во медиумите.
„Комисијата од денеска ќе следи се што се случува во медиумскиот простор, има јасни правила кои важат за сите“, изјави претходно на прес-конференцијата Салапиќ, додавајќи дека предупредувањето на Уставниот суд јасно говори за улогата на претседателот на Република во изборни кампањи
Тој потенцираше дека сите учесници на изборите, поточно оние чии имиња се на листите, треба да се придржуваат до правилата на изборната кампања кои се јасно утврдени со закон.
Бидејќи Милановиќ не е учесник на изборите, Салапиќ рече дека „во поширок контекст, учесник на изборите може да биде секој кој од некоја позиција повикува да се гласа или да не се гласа за некоја политичка опција“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска
Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера…
Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…
Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…
Цела Црна Гора и БиХ, како и…
Земјите од регионот се уште се под…
Хрватска испраќа канадер со два екипажи во…
Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа…