Миланов за случајот Пулс: Постапката треба да запре за лицата кои не биле присутни и не биле на должност таа вечер
Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска побараа да се проверат наводите дека еден од обвинетите, кој се наоѓа во притвор во затворот во Скопје, преку телефон вршел притисок врз сведоци на Обвинителството.
Барањето го изнесоа пред почетокот на денешното судско рочиште во Идризово.
„Имаме сознанија дека лицето Ј.Ј. кој се наоѓа на одржување мерка притвор во затворот во Скопје му дава на користење на лицето Тодор Јованов, брат на монструмот, кој преку вибер комуникација врши притисок врз сведоците на Обвинителството. Ги повикуваме надлежните служби да ја проверат оваа информација и детално да го проверат телефонот и комуникациите кои се остварени преку овој телефон“, рече Јулија Златкова, мајка на загинато дете.
На рочиштето беа сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството – двајца пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот и двајца сведоци кои кобната ноќ биле присутни во дискотеката.
Пожарникарите изјавија дека дојавата за пожар ја добиле во 2:35 часот, а интервенцијата траела до околу 4 часот.
Двајцата повредени гости опишаа дека пожарот избувнал ненадејно, по што настанала голема гужва и стампедо на излезот, при што се здобиле со телесни повреди. И двајцата најавија оштетни побарувања и приклучување кон кривичниот прогон.
И денеска дел од адвокатите повторно бараа да биде повлечено обвинението за дел од обвинетите бидејќи, како што рекоа тие не се директно поврзани со пожарот, ниту пак биле присутни во моментот кога се случила трагедијата.
„Во однос на поголем број луѓе кои што се овде постапката треба да запре, затоа што лица кои што не се присутни таа вечер и не се на должност со конкретни обврски кои што можеле да бидат преземени или непреземени како пропуштање за настанување на самиот пожар и последиците кои што настанале од нив“, рече адвокатот Еленко Миланов.
Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка. Продолжението е закажано за 19 февруари, кога се повикани уште пет сведоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миланов за случајот Пулс: Постапката треба да…
Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката…
Над 100 милиони евра за автобуси на…
Со одлука на владата, Скопје ќе добие…
Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција,…
Владино бифе работело на црно без фискални…
Државниот ревизор…
Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…