Милан му направил финта на Њукасл: Знаел за обвинението против Тонали, а сепак го продал!?

t

Сандро Тонали повеќе нема да заигра фудбал оваа сезона бидејќи суспензија од десет месеци за учество во илегално обложување, а можно е тоа да не биде единствена санкција за Италијанецот.

И во Англија се подготвува обвинение против него бидејќи, наводно се обложувал и додека го носел дресот на Њукасл. Директорот на премиерлигашот Ден Ешворт се сомнева дека во Милан знаеле за обвинението во Италија и за манијата на Тонали и затоа одлучиле да го продадат.

„Што точно знаел Милан во моментот на преговорите? Тешко ми е да зборувам за тоа и влегувам во шпекулации што знаел другиот клуб. Она што можам да го кажам е дека ќе спроведеме интерна истрага“, порача Ешворт.

Тонали беше еден од најдобрите играчи на Милан претходните три сезони и затоа беше изненадување одлуката на раководството да го продаде и покрај тоа што за него доби 64 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…