Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28 членка на ЕУ
Црна Гора ќе биде 28 членка на Европската Унија, изјави Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора.
„Стратегиското партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан е поважно од кога било. Црна Гора затоа мора да ја искористи шансата да стане 28 членка на Европската Унија до 2028 година“, кажа Милатовиќ на предавање пред студенти во Полска.
Тој кажа дека Црна Гора се смета за најнапредна од десетте држави кандидатки за членство во Унијата.
„Нашата стратегиска цел е да ги завршиме преговорите до крајот на 2026 година и да станеме членка на ЕУ до 2028. Тоа е амбициозен, но достижен план“, кажа Милатовиќ.
„Има пет причини зошто Црна Гора е предводничка меѓу земјите кандидати. Отворивме 33 поглавја во преговорите со ЕУ и затворивме шест. Целосно ги усогласивме нашите надворешни и безбедносни политики со европските. Црна Гора е економски најнапредна од останатите земји кандидати и веќе го користи еврото. Немаме значајни отворени прашања со соседите, иако постои предизвик со Хрватска. Членка сме на НАТО пактот од 2027 година и со тоа е зајакната стабилноста на Западен Балкан“, оцени црногорскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…