Мила Србиновска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство во хип-хоп
Мила Србиновска од клубот „Брејк а лег“ ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во „Борис Трајковски“ во Скопје. Таа настапи во конкуренција на 174 натпреварувачи.
„Србиновска го освои жирито со техничката прецизност и оваа победа е доказ за нејзините упорност и работа и ќе претставува инспирација за сите млади танчари во Македонија“, велат организаторите.
Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, на кој учествуваат клубовите „Брејк а лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит да бит“ и „Уан веј“.
Светското првенство се отвори на 12 октомври со парадата на над 1.700 натпреварувачи, а ќе трае до 17 октомври. Учествуваат преку 5.000 танчари од 35 земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мила Србиновска светски шампион во јуниорска категорија…
Мила Србиновска од клубот „Брејк а лег“…
Вечерва во 21.30 „Тешки муабети“ со Фуркан…
Вечерва во 21.30 часот следете ја најновата…
(Видео) Левица: Директорот на „Пулевски“ ги уценува…
Директорот на „Пулевски“ ги уценува родителите на…
Водата од гостиварскиот водовод е безбедна за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги…
Над 20 илјади граѓани излегле од Македонија…
Над 29.000 македонски државјани ја напуштиле државата…