Милевски: Грузија одигра добар натпревар, но кога ќе загубиш на ваков начин, не знам што да кажам.
Македонската репрезентација вчера на домашен терен го изигра својот трет натпревар, со што ги заокружи сите противници и сега знае што може да очекува во повратните натпревари. Во рамките на третото коло се соочија со репрезентацијата на Грузија, од кои загубија 0:3.
Во текот на првото полувреме силите беа изедначени и влеговме во вториот тек на натпреварот со неизвесен резултат, но уште од самиот старт на второто полувреме Грузија почнаа да го контролираат движењето на натпреварот со што во 52та минута го отворија резултатот, за потоа да постигнат уште 2 погодоци за конечен резултат.
На прес-конференцијата после натпреварот се обрати селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски
„Грузија одигра добар натпревар, но кога ќе загубиш на ваков начин на ваков натпревар, не знам што да кажам. Имавме три лоши реакции, игравме добро и да контролиравме игра педесет минути, па и по првиот гол, а потоа паднавме. Грузија победи на физичко ниво, сметам дека се ниво над нас, тоа беше пресудно според мене. Немам замерки за играчите, за тоа што го дадоа на теренот. Жално е што кога доминиравме, не постигнавме гол, два или повеќе, но одиме понатаму. Следниот натпревар во недела ќе се обидеме да се консолидираме“.
„Тактиката за секој натпревар се менува. Што се однесува до играчите кои ќе играат в недела, ќе морам да ротирам бидејќи сум приморан. Ростерот ни е таков, каков што е, затоа секоја чест за сè што дадоа. Ни недостигаше завршниот пас, но сè останато беше на високо ниво. Јас сум задоволен, иако жалам што морав да менувам во тимот. Се надевам повредите на играчите не се сериозни, па ќе видиме кој ќе биде подготвен за в недела. Од моето доаѓање, главна цел се квалификациите за ЕП 2024. Сето тоа што го минавме во досегашните натпревари е во функција на тоа. Мораме да имаме увид во реалниот потенцијал со што располагаме, да знаеме на кој и колку може да сметаме во следните квалификации.
Има уште три натпревари до крајот. Резултатот на Гибралтар дава надеж, во ова време нема лесен противник. Мора да се пристапи максимално сериозно, посочувам дека ривалот заслужува респект. Додека постојат шанси, нашата цел е иста и се надевам ќе имаме реакција веќе в недела. Не замерувам во овој период на фудбалерите. Не е возможно да сте во натпреварувачка форма во овој момент. Реализацијата потфрли, и против Бугарија и сега, имавме шанси. Ова се истите играчи кои славеа на гости 0-5, кои славеа на многу натпревари, па не можам да замерам никому.
Задоволен сум од посетата, благодарност до публиката која дојде да нè поддржи денес. Тоа е знак дека се препознава енергијата на момците на теренот, навистина ни значи тоа без оглед на резултатот. Треба да им возвратиме со својот максимум. Денес тоа за жал не беше доволно за позитивен резултат“, изјави Милевски.
Со овој резултат Македонија останува на второт место, но со потешкотии да се избори за првото. Грузија се на прво место со 9 бодови, Македонија со четири, Бугарија со два и Гибралтар со еден бод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…