Објавено на:

Милевски најави нов договор со ФФМ?

t

Договорот на селекторот Благоја Милевски истекува по крајот на овој квалификациски циклус. Жешка тема е прашањето дали соработката ќе биде продолжена. На конференцијата пред мечот со Англија пак се говореше на оваа тема.

На новинарско прашање околу новиот договор, Милевски одговори дипломатски. Кажа дека прашањето не е на вистинската адреса, а тој ќе биде професионалец и ќе работи максимално се додека е селектор на Македонија.

„Ова прашање не е доставено на вистинска адреса, туку е за на друго место. Јас ќе работам професионално до самиот крај, без разлика до кога ќе ми биде договорот, јас ќе останам професионалец“, изјави Милевски.

Но, она што е интересно и што меѓу редови може да се протолкува како најава за нов договор со ФФМ е анализата на селекторот. Додека одговараше прашања, Милевски јасно потенцира дека „од септември наваму сите заедно како тим и федерација работат да креираат тим за следниот циклус од Лигата на нациите и циклусот за СП 2026“, натпреварувања кои се по овој квалификациски циклус. Дали тоа значи и дека Милевски добива нов договор, затоа што подготвува тим за следниот циклус? Времето ќе покаже…

Благоја Милевски претходно работеше како селектор во У21-тимот и важи за најуспешен предводник на младинската селекција. Тој беше човекот кој прв однесе една машка македонска репрезентација на едно Европско првенство и тоа во конкуренција на силните Франција, Украина, Шкотска…

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…