Милевски нескромно: Македонија ќе се прашува за резултатот на утрешниот натпревар
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски вели дека неговите фудбалери „ќе се прашуваат“ за конечниот резултат на утрешниот натпревар иако Грузија доаѓа во Скопје осоколена по двете убедливи победи над Гибралтар и Бугарија.
„Црвено-жолтите“ во првите два натпревари имаат скор од победа и реми, а утревечер од 20.45 часот за прв пат ќе играат пред македонските фанови на Националната Арена „Тодор Проески“.
– Го гледав натпреварот на Грузија со Бугарија. Се работи за одличен тим со одлични индивидуалци кои одиграа одлично против Бугарија, но секој меч е приказна за себе. Тој натпревар во Грузија (победата на Македонија за пласман на Евро 2020 н.з.) нема никаква конекција со овој сега, и не би се навраќал на тоа. Има разлика од тогаш, имаат нов селектор и нова филозофија на игра.
Начинот на кој играат е различен и не гледам некоја поврзаност и сличност. Квалитетот како поединечен, така и на тимот е голем. Ако им дозволиме, може да не нападнат. На утрешниот меч ќе се прашува и Македонија за крајниот исход. Индивидуалците се важни, но на крај ова е тимска игра и на крајот тимот победува или губи – изјави Милевски на прес-конференцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
ЕУ го суспендираше процесот на интеграција на…
Процесот на интеграција на Грузија во Европската…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) СТАДИОНОТ ЕРУПТИРАШЕ по голот на турскиот…
Во тек е натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија…
(Видео) Пороен дожд и тепачка на трибините во…
Денеска на стадионот во Дортмунд се игра…