Милевски објави список, Македонија со испробани сили на јунските тестови
Фудбалската репрезентација на Македонија во јунскиот репрезентативен прозорец ќе одигра два пријателски натпревари против Хрватска и Чешка. Нашиот најквалитетен национален тим ќе игра со две репрезентации кои ќе настапат на Европското првенство, па тоа ќе биде одличен тест за силите.
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните предизвици. Предводникот на Македонија повика 27 играчи за јунскиот собир, изненадувања нема и сите имиња се горе-долу очекувани на списокот.
ГОЛМАНИ:
Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан Шишковски – Арарат, Ерменија
Игор Алексовски – Работнички
Дејан Илиев – Сараево, БиХ
ОДБРАНА:
Висар Муслиу – Падерборн, Германија
Тодор Тодоровски – Политехника Јаши, Романија
Никола Серафимов – Фехервар, Унгарија
Јован Манев – Адана Демирспор, Турција
Езѓан Алиоски – Ал Ахли, Саудиска Арабија
Бојан Димовски – Акрон Тољати, Русија
Ахмед Иљазовски – Хвидовре, Данска
Стефан Ашковски – Алашкерт, Ерменија
Ѓоко Зајков – Крајова, Романија
Дарко Велковски – Динамо Букурешт, Романија
СРЕДЕН РЕД:
Енис Барди – Трабзонспор, Турција
Јани Атанасов – Краковија, Полска
Агон Елези- Бохум, Германија
Тихомир Костадинов – Пјаст Гливице, Полска
Давор Здравковски – Медервел, Шкотска
Елиф Елмас – Лајпциг, Германија
Исник Алими – Сепси, Романија
Димитар Митровски – Вараждин, Хрватска
НАПАД:
Бојан Миовски – Абердин, Шкотска
Милан Ристовски – Бохемианс 1905, Чешка
Дарко Чурлинов- Шалке 04, Германија
Александар Трајковски – Хајдук, Хрватска
Лирим Ќамили – Хвидовре, Данска
Првиот натпревар Македонија го игра во Ријека против селекцијата на Хрватска на трети јуни во 19:00 часот, додека вториот се игра во Чешка на 10 јуни во 18:00 во градот Храдец Кралове.
Извор: Gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…