Милевски одлучи: Ако утре се бара одлука од Влада ќе гласам ПРОТИВ францускиот предлог!
Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски денеска соопшти дека доколку утре се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука.
-Ние уште немаме одлука на партиски органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава, рече Милевски за ТВ 24 после средбата со претседателот Стево Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Селекторите едногласни: Во прв план е фудбалскиот…
На прес конференциите пред одигрувањето на утрешниот…
(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…
Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…
Kaква дpcкост на Шилегов: Му рекол на…
Нема да добиете советници, а јас ќе…