Милевски повика двајца дебитанти – ова е конечниот список!
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави списокот фудбалери на кои ќе смета за ноемврискиот циклус средби од Лигата на нации во кој на домашен терен ќе ги пречекаме Летонија (14 ноември) и Фарски острови (17 ноември), а на кој има двајца кои првпат се наоѓаат на него.
Станува збор за голманот Марко Алчевски и за Бехар Фета, а тука е и Сефер Емини, кој претходно бил повикуван и за кого изминатиов период интерес имаше и од селекцијата на Албанија, но кој се уште нема официјален настап за жолто-црвената селекција. На списокот се и интернационалците Бојан Миовски и Кристијан Трапановски, за кои се стравуваше дека нема да може да играат поради повреди од последните средби за своите клубови – Жирона и Данди Јунајтед.
Македонија и пред овие средби речиси го има забетонирано првото место во групата, кое гарантира промоција во повисок ранг (Б) од Лигата на нации, но ќе бркаме две победи со цел да дојдеме до шанса за место во баражот за пласман на Мундијалот за две години во САД, Канада и Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…