Објавено на:

Милијардер незаконски проширил терен за голф во природен резерват во Тајланд, доби 24 години затвор

t

Тајландски милијардер се соочува со 24 години затвор за нелегално проширување на својот луксузен голф-центар во заштитени подрачја на природен резерват, а неговата ќерка е осудена на 12 години. Тие вложиле жалба на пресудата и се надеваат дека судот ќе им ја намали, пренесува „Форбс“.

Тајландското обвинителство за борба против корупцијата го обвини тајландскиот магнат за метал и кафе Прајуд Махагицири во 2021 година за поткуп на службеници за да добие имотни листови за проширување на својот луксузен голф-центар и резиденција во Маунтин Крик.

Судот сега утврди дека трансакцијата била нелегална бидејќи 30-те хектари што биле додадени на голф-теренот се во заштитените подрачја на природниот резерват. Теренот се состои од 27 дупки и зафаќа површина од 360 хектари во покраината Након Ратчасима, североисточно од Бангкок.

Судот го прогласи 79-годишниот Прајут за виновен по неколку точки од обвинението, вклучувајќи поткуп и нелегално присвојување туѓ имот. Тој е осуден на 24 години затвор, заедно со уште десет други луѓе, вклучувајќи ја и неговата ќерка, која доби 12 години затвор.

Челичниот магнат, кој работи и со кафе и чие богатство се проценува на 2,6 милијарди долари според Форбс, планира да поднесе жалба. Според Форбс, тој бил десеттиот најбогат човек во Тајланд во 2024 година.

Голфот е една од главните туристички атракции на Тајланд, но екологистите често го критикуваат овој спорт затоа што ги претвора огромните пространства на природата во тревести површини кои бараат интензивно наводнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милијардер незаконски проширил терен за голф во…

Тајландски милијардер се соочува со 24 години…

Доказ дека и 1% е шанса! Во…

Азиски слон во централниот дел на Тајланд…

Тајланд и Кина ги укинуваат визите за…

Тајланд и Кина се договорија да ги…

Десетина лица загинаа во страшна експлозија во…

Најмалку десестина лица загинаа, а над стотина…

Загрозени најмалку половина милион луѓе: Исчезна радиоактивен…

Од термоелектрана на Тајланд неделава исчезна метален…