Милошевски: ВМРО-ДПМНЕ денес не е револуционерна организација

t

Историското ВМРО имало две револуционерни идеи кои самата организација ја правеле револуционерна.

Првата идеја била за создавање на македонска нација или нација држава со републиканско државно уредување.

Втората идеја која била револуционерна била социјалниот момент за еднаквост и достоинствен живот за народот кој живеел на овие простори.

Денес овие идеи ги препознаваме како идеи на Десното и Левото крило на организацијата, но посекако тие во помала или поголема мера биле присутни кај речиси сите членови на организацијата кои само различно ги акцентирале.

ВМРО-ДПМНЕ во раните 90-ти има една револуционерна идеја на која го темели своето постоење, а тоа е осамостојувањето на државата и промена на еднопартискиот систем во повеќе партиски плурализам.

После транзицијата кај ВМРО-ДПМНЕ изразито се појавува идејата за еднаквост и до израз доаѓаат социјалните политики кои се како одговор на огромната сиромаштија во тој период.

Во овој дел мора да се потенцира дека во тој период е револуционерна и идејата за одговорност за криминалната транзиција, односно пресметување со олигархијата која е изворот на сите неправди и проблеми со кои во тој момент се соочува македонскиот народ, а со нив се соочува и до ден денес.

Денес за жал ВМРО-ДПМНЕ не е револуционерна организација туку нажалост се претвора во атнитеза на она што значи да се биде револуционер и револуционерен.

За еден човек или една организација соогласно размислувањата на Аристотел да биде револуционерна во политичка смисла на зборот треба да работи на целосна промена на едно општествено-политичко уредување со друго или модификација на постоечкото уредување.

ВМРО-ДПМНЕ денес не исполнува ниту еден од овие услови.

ВМРО-ДПМНЕ денес прави се за да се задржи статус-квото во општеството во секој можен поглед. Денешното ВМРО-ДПМНЕ е реакционерско движење кое е противник на прогресот, противник на промените.

Основната база на својата поддршка ова денешно реакционерско движење ја бара во стравот на македонскиот народ од промени. Страв кој произлегува од реални причини затоа што после секоја „промена“ тој бил понижен, посрамотен и посиромашен.

И од тука произлегува оној феномен на 300 илјади гласови на секои избори, 300 илјади исплашени луѓе од промени.

Сепак ова не е никакво оправдување за македонскиот народ затоа што денес промената ни е ненасушно потребна затоа што не постои човек кој е задоволен од состојбата во која е државата и правецот во кој се движи.

Да се биде револуционер значи да се биде незадоволен од постојната состојба во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ денес прави се што може за да го одржи системот таков како што функционирал досега.

Како за пример свесно или несвесно раководството на партијата знае дека без ДУИ и СДСМ се губи суштината и поентата на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ па отидоа до таму да си измислат ново СДСМ и ново ДУИ во ЗНАМ и ВЛЕН.

Се сеќавате на оние олигарси за кои пишувам погоре па сите тие денес кешираат во Белата Палата и на Илинденска бб за да продолжиме како до сега, односно тие да бидат побогати од ден во ден, а народот се посиромашен и посиромашен.

Оние кои ги креарираат политиките денес во ВМРО-ДПМНЕ се плод на овој систем и денес сите привилегии кои ги уживаат се резултат на тој систем.

Од таа причина раководството на партијата никогаш нема да посегне по суштински промени затоа што тие промени би значеле промена на системот кој ги создал, а тоа за нив значи губење на привилегиите и позицијата во општеството нешто кое за нив е незамисливо.

Не може да бидеш конзервативен и револуционер. Конзервација значи зачувување, што зачувуваме ние денес во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт?

Традициите, кутлурата, историјата, јазикот?

Па да ве потсетам дека само пред недела дена во Струга беше урната спомен куќата на авторот на македонската химна.

Во популарната употреба, реакционер или реакционерно движење се однесува на силна конзервативна политичка перспектива на личност која се спротивставува на социјалните, политичките и економските промени.

Денес политичките елити во Македонија ги конзервираат само криминалот и корупцијата, моралниот распад на македонското општеството и осиромашувањето на граѓаните кои живеат тука.

Ако сакаме како народ и држава да преживееме мора да има револуција.

Револуцијата може да биде насилна и пацифистичка. Однапред кажувам дека во 21 век насилството не смее и не може да биде алатка за промени затоа што е непотребно има поразлични методи кои речиси безболно можад да ни донесат промени.

Јас сум за пацифистичка револуциија.

Морам да кажам дека на Македонија и е потребна револуција од секаков аспект затоа што вака како што се поставени работите нашата држава нема иднина и перспектива.

Нашата држава денес нема економска перспектива и од економски аспект е неодржлив проект.

Ако нема економска перспектива тоа значи дека нема ниту социјална перспектива, односно нашиот пензиски, здравствен и образовен систем се сериозно загрозени.

Нашата држава нема демографска перспектива и ни се заканува исчезнување на сите народи кои живееме во овие 25 илјади километри квадратни.

Политиката е изворото на криминалот и корупцијата во оваа држава, тоа значи дека без промени во политиката единствено нешто со перспектива кај нас се криминалот и корупицијата.

Во превод денес на Македонија и е потребно ВМРО ама не ова кое го имаме како политичка понуда во државата. На Македонија денес навистина и е потребна револуционерна огранизација која од темел ќе ги промени работите во држвата, а ако такво нешто не се појави само прашање на време е кога овој народ и оваа држава ќе престанат да постојат.

Нека е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерба борба.

П.С. Денес оние кои најгласно го слават овој ден се најголеми противници на револуцијата која ни треба како на жеден вода

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошевски: ВМРО-ДПМНЕ денес не е револуционерна организација

Историското ВМРО имало две револуционерни идеи кои…

ДИК: Во 11 општини се пристигнати приговори…

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални…

Мециновиќ: Ќе го раскинеме договорот за рекламен…

Владата прави театар од здравјето на скопјани,…

Мерц ги повика Србија и Косово да…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржа патот…

Независниот кандидат за Макеоднски Брод ја повелкува…

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски…