Милошевски: Резултатот од 30 годишното талкање по меѓународно признавање е државен апарат кој е во целост во распад – никогаш не помисливме дали сме вредни за признавање!
Абрахам Линколн е еден од најголемите претседатели на САД, човек кој на негова иницијатива и со крвава граѓанска војна го укина едно од најголемите злосторство против човештвото, ропството.
Многумина знаат дека САД прогласува еднострана независност во 1776 година, но притоа не знаат дека голем број држави ги немаат признаено како независна држава со години, дел од нив и со векови.
Поконкретно Јапан ги признава САД како независна држава во 1854 година, Кореа во 1882, Црна Гора дури во 1905 итн.
Зошто го споменав Абрахам Линколн? Овој голем човек ја има изречено една од најмудрите државнички мисли која гласи „Не се грижи дали те признаваат, туку стреми се да бидеш вреден за признавање“.
И токму ова е суштината на проблемот со кој се соочува Македонија 30 години. Додека ние се боревме да ни го признаат уставното име, околните држави напредуваа, додека се занимаваме со Бугарите кои го негираат нашиот идентитет, Бугарија денес има поголемо БДП и животен стандард иако со години беше најкорумпираната држава на Балканот, а денес тоа за жал сме ние.
Сега дел од МПЦ бара признавање од Фанар заборавајќи на суштината, а тоа е зошто нашата православна црква има се помалку верници…
И резултатот од 30 годишното талкање по меѓународно признавање е државен апарат кој е во целост во распад. Никој од нашите политичари не се позанимава со суштината, а тоа е да Македонија стане држава вредна за признавање.
Мојот предлог е едноставен да престанеме да се занимаваме со тривијални работи, ниу ЕУ, ниту НАТО, ниту Русија, ниту Кина не може да ни помогнеме ако не си помогнеме самите, ако не ги засукаме ракавите и не се фатиме за работа.
Морам да напоменам дека САД и пред 200 години и денес географски ја има една од најдобрите геостратешки позиции во светот. САД денес се апсолутно независи кога станува збор за двата најважни ресурси, енергија и храна бидејќи речиси 100 процентно ги покриваат своите потреби со домашо производство. Но не секогаш било така.
За разлика од нас Македонците, Американците речиси 250 години се занимаваат со личен и општествен напредок и се таму каде што се, а ние 30 години се занимаваме со тоа што мислат другите за нас и резултатот е тој кој што го гледаме. САД се денес се светска веле сила, а ние сме монета за поткусрување на сите соседи и пропадната држава.
Oваа кратка колкумна ќе ја завршам со уште една мисла од Линколн – Најдобриот начин да ја предвидиш иднината е самиот да ја создадеш.
Да живее Македонија!
Пишува: Милош Милошевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…