Aнтонио Милошески: Сè додека истрагата за Кочани не добие форма на обвинение, јавниот обвинител Љупчо Коцевски ќе остане недопирлив
Додека истрагата за трагедијата во Кочани не премине во обвинение, главниот обвинител Љупчо Коцевски ќе остане на функција. Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, во интервју за Алсат изјави дека во сегашната фаза на истрагата не треба да има кадровски промени, за да не се попречи и уценува работата на обвинителството.
Да потсетиме дека пред трагедијата во Кочани, на 11 февруари, Владата донесе одлука за отворање постапка за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, а причините за тоа беа нарушениот углед на Обвинителството, незаконски постапки и корупцијата, влијанието и неефикасноста.
Два дена пред трагедијата во Кочани, премиерот изјави дека јавниот обвинител и обвинителот за организиран криминал ќе се покајат за своите постапки, додека веднаш по трагедијата, го смени наративот, потенцирајќи дека постапката против обвинителот Коцевски е паузирана, сè до завршување на истрагата за Кочани.
Во меѓувреме, опозициските партии СДСМ и ДУИ се пожалија дека Обвинителството води селективна истрага и истовремено обвинија дека Мицкоски го сменил ставот за Коцевски со цел да се заштити власта од вклучување во истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…