Милошоски: Францускиот амбасадор јасно посочи дека Владата на СДСМ не е транспарентна
Францускиот амбасадор денес беше гостин на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија и имаше од прилика 30 минутно излагање за приоритетите на Француската Република при претседавањето со ЕУ. Од тие 30 минути околу две минути според мене беа посветени на Западниот Балкан и проширувањето и Македонија заедно, што самото по себе говори за приоритетите на француското претседавање“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Милошоски додаде дека би сакал да напомене тоа што денес на македонската јавност и го соопшти францускиот амбасадор во Скопје, сигурен е дека Владата и државниот врв, министерот за надворешни работи, вицепремиерот за евроинтеграции, премиерот, претседателот на државата се работи кои што ги знаеле пред францускиот амбасадор да ги соопшти. Од власта ги знаеле во изминатите две – три години, но за жал манипулираа со очекувањата на граѓаните. Бидејќи се свесни дека Македонија заслужува почеток на преговори, но Владата манипулираше и ја пролонгираше секој месец надежта дека преговорите само што не започнале и тоа се со цел да се одолговлекува самото опстојување на владејачката сегашна номенклатура.
-Жално е што господинот вицепремиер Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Зоран Заев и сите оние кои што 2018-та година се сликаа во владиното авионче со веста дека сме добиле историска одлука за почеток на преговорите до денес продолжуваат со истата манипулација. И ние реалните вести за спориот процес или нереализирањето на евроинтеграциите за жал мораме да ги слушнеме или од Париз или од Софија, или пак од Брисел, или од други места нашата Влада не е транспарентна, рече Милошоски.
Милошоски посочи дека оваа Влада не се справи ниту со корупцијата. За жал таа корупција од кога СДСМ е на власта е на енормно високо ниво.
-Моето мислење по однос на самото владино место вицепремиер за борба против корупција и сега неговото укинување во предлогот за оваа старо – нова влада е признание на СДСМ и на ДУИ дека не успеале да го валолизираат постоењето на таквото новосоздадено министерство за борба против корупција и не постигнале резултати, нагласи Милошоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…