Минималецот во Македонија далеку зад земјите во регионот

t

Минималната плата во Македонија од март 2026 година ќе се зголеми за само околу 1.600 денари, што ќе ја донесе на околу 26.000 денари, велат од ССМ.

Синдикатите предупредуваат дека ова е далеку под нивните очекувања за најмалку 600 евра и повторно го отвора прашањето за куповната моќ и достоинствените примања.

Во споредба со соседните земји, минималецот во Македонија останува најнизок. Косово, Албанија, Србија, Република Српска, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе имаат минимални плати од 500 до 800 евра, со јасен тренд на зголемување, додека македонските работници ќе добијат само минимално усогласување.

ССМ ја критикува владината политика и дел од синдикатите за одржување на ниско ниво на платите, предупредувајќи дека ова може да ја ослаби домашната побарувачка, продуктивноста и конкурентноста на економијата, особено со растечката миграција на работната сила во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минималецот во Македонија далеку зад земјите во…

Минималната плата во Македонија од март 2026…

Мерц го укина контроверзното ембарго за оружје…

Канцеларот Фридрих Мерц ја поништи една од…

Филипче: Реформи нема, Македонија губи време

На денешната седница на Националниот совет за…

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и…

Под влијание на серија влажни воздушни бранови…

Три лицa повредени во сообраќајка на патот…

Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка…