Минималната кошничка за февруари достигна 63 773 денари, од јануари зголемена за над 500 денари!
За да покрие основните трошоци, на едно четиричлено семејство во февруари годинава му се потребни 63 773 денари. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на минималната синдикална кошничка за тековниот месец е за 521 денар поголема од јануари кога изнесуваше 63 252 денари.
„Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари“, додаваат од ССМ.
Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалаци, односно, според пресметката на ССМ, 23 427 денари.
За плаќање станарина, вода, електрична енергија и греење, едно четиричлено семејство во февруари годинава треба да одвои 6 096 денари од својот буџет. За облека и обувки 5 800 денари, за лична хигиена и одржување хигиена во домот треба да се одвојат 2 195 денари, за здравје 1 135 денари, а за транспорт 4 844 денари.
„За комуникации, на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3 417 денари, за рекреација и култура 4 592 денари, за образование 7 036 денари, за ресторани и хотели 4 131 денари, а за останати стоки и услуги 1 100 денари. Доколку живеат во изнајмен стан, потребни им се дополнителни 21 471 денар“, посочуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.
Во јануари годинава минималната синдикална кошничка изнесуваше 63 252 денари.
Од денеска во сила стапи одлуката на Владата за замрзнати маржи на 102 групи производи, односно на над 1 000 производи во трговијата на мало и на големо. Целта на оваа одлука, како што пред два дена изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, е да се заштити животниот стандард на граѓаните, односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошничка.
Очекувањата на Владата се дека цените на основните прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за 10 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот за внатрешни работи требаше да понесе…
Јавноста во Кочани будно ќе го следи…
Зеленски: Ни треба заштита, Украина е под…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди целосна истрага…
Захарова: Некој намерно назначува потомци на нацисти…
Некој намерно назначува потомци на нацисти на…
Новиот грчки министер за миграција вели дека…
Грчката влада на Нова демократија, централно десничарска,…
Влен контра Мицкоски: Не е разговаарно за…
Албанската опозиција продолжува да реагира на најавите…