Минималната плата мора да се зголеми – животот поскапува, платите стагнираат
Македонските работници сè потешко успеваат да ги покријат основните животни трошоци, предупредува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), посочувајќи дека вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година достигнала 65.328 денари. Во споредба со јуни годинава, тоа е зголемување од 630 денари, што, според ССМ, е уште еден аларм за потребата од зголемување на минималната плата, но и платите воопшто.
Особено загрижува податокот дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупната вредност на минималната кошница за јули изнесува дури 80.703 денари – сума која е целосно недостижна за огромен број семејства во земјава.
Состојбата е уште поалармантна кога се анализираат трошоците за храна и пијалаци. За 63-те основни производи кои ги следи ССМ, трошокот во јули изнесувал 23.682 денари, што е за 515 денари повеќе од јуни. За два месеца, овие трошоци се зголемиле за 2.202 денари, односно за 10,25%.
Според ССМ, откако завршија активните владини мерки за ублажување на инфлацијата, вредноста на минималната кошница е зголемена за 2.637 денари за само три месеци – што претставува пораст од 4,20%.
„Животот во Македонија станува сè поскап, а платите недоволни за овозможување на најосновните услови за достоинствен живот,“ порачуваат од ССМ.
Синдикатот бара итно зголемување на минималната плата, како и усогласување на останатите плати со реалните трошоци за живот.
Целото сооптшение на ССМ во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минималната плата мора да се зголеми –…
Македонските работници сè потешко успеваат да ги…
Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица…
– Иницијативата за усвојување заедничка резолуција во…
Гаши: Прво треба да има судска пресуда,…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот…
СДСМ: Театарот на Мицкоски за внатрешни непријатели…
Во целосен очај и паника е ВМРО-ДПМНЕ…
Паѓа рејтингот на Трамп
По шест месеци од вториот мандат на…