Минирање на патот Кичево-Охрид денеска попладне

t

Денеска од 12.00 до 16.00 часот на автопатот „A2“ Кичево-Охрид, што е во изградба, ќе се изврши минирање, па ако граѓаните слушнат силни детонации за да не се вознемируваат, а истовремено да ги почитуваат сигналите за краткотрајно стопирање на движењето за време на конкретно поединечно минирање.

Голема внимателност се препорачува при појава на локалните кратки, но нагли метео промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита, а и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. И секако да потсетиме за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена дрога во “Голф” на патот Кичево-Гостивар

Вчера околу 18:00 часот на магистралниот пат…

АМСМ предупреди: Ќе се изведува минирање на…

– Утре ќе се изведуваат градежни активности…