Министерката за култура: Блаже Конески за нас секогаш бил и ќе биде македонски великан!

t

Блаже Конески за нас секогаш бил и ќе биде македонски великан, објави на Фејсбук министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска.

– „Има огромна разлика меѓу почитта која македонската влада ја оддава кон великаните и промоторите на македонскиот јазик и оспорувањата на нивните дела пласирани од опозицијата.

Македонскиот џин, кодификаторот на македонскиот јазик, основачот на Филолошкиот факултет, на МАНУ и основоположникот на македонската современа поезија, за нас секогаш бил и ќе биде македонски великан.

Блаже Конески.

Тие го оспоруваа, го нарекуваа `џуџето од Небрегово`.

Додека тие оспоруваат и понижуваат, ние ја промовиравме македонската култура пред УНЕСКО.

Затоа УНЕСКО ги славеше годишнините од раѓањата на Конески и Шопов како дел од светското културно наследство.

Додека тие го блокираат новиот Закон за македонски јазик, ние го ставивме во редот на рамноправните европски и светски јазици и во идентитетската карта на Обединетите Нации и во редот на еднаквите европски јазици.

Ќе останеме горди, силни и нескршливи пред сите злонамерници за да се види колку се ништожни бесрамните чинови на порекнување на големите македонски дела и големите македонски дејци.

Ќе бидеме громогласни како што беа громогласни и нашите претходници, афирматори и заштитници на македонскиот идентитет. – напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомбакис и Бисера со моќна порака од…

Бомбакис, човекот кој испраќа порака преку неговите…