Министерката за култура засега нема да бара разрешување на Азири кој се закани со кршење на рацете и нозете на Милошоски

t

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ќе почека дали надлежните органи ќе утврдат вина кај државниот секретар за култура Валмир Азири, кој се закани со кршење на рацете и нозете на Антонијо Милошоки и потоа ќе одлучи дали ќе му предложи на премиерот Димитар Ковачевски тој да биде разрешен.

Ова е одговорот на министерката на прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски дали ќе предложи разрешување на Азири кој по инцидентот во Комисијата за европски прашања на Фејсбук го поддржа дивеењето на сопартиецот Арбер Адеми и му се закани на Милошоски дека на сите како него „антиалбанци“ ќе им ги скршат рацете и нозете.

-Бидејќи секој член на Влада има право да предложи на претседателот на Владата да именува државен секретар, дали би било упатно да предложите разрешување на Валмир Азири за употреба на недоличен речник во кој се промовира говор на омраза – праша пратеникот Милошоски.

Министерката Костадиновска Стојчевска рече дека пред да му одговори на прашањето сака да каже дека осудува насилство но и дека не го оправдува насилството упатено на собраниските комисии кон пратеничките од СДСМ и од ДУИ Снежана Калевска Ванчева и Арта Биљали Зендели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомбакис и Бисера со моќна порака од…

Бомбакис, човекот кој испраќа порака преку неговите…

Милошоски се мајтапи со Димитров: Камeлеон без…

Димитров - камелеон без датум и без…