Министерката за култура за свиркањето на македонскиот јазик: Провокации секогаш имало и ќе има
Провокации секогаш има и ќе има, вели министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во „Жешко политичкко лето“ во врска со исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на Рамковниот договор.
-Тоа не значи дека треба да се останемe неми на ваква појава, но верувам дека тие провокации не биле од чинители на власта, се надевам дека тоа исвиркување се однесува на некој сосема друг сегмент, кажа Костадиновска – Стојчевска.
Прослава на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата.
Рекации во јавноста предизвика исвиркувањето на водителката, кога таа на публиката и се обрати на македонски јазик.
Извор: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомбакис и Бисера со моќна порака од…
Бомбакис, човекот кој испраќа порака преку неговите…