Министерката за култура призна: Имало финансиски неправилности во албанскиот ансамбл
За работењето на директорот на Албанскиот ансамбл, Шкодран Толај, два пати по ред биле констатирани неправилности од страна на внатрешна вонредна инспекција во Министерството за култура. Тој ненаменски трошел пари, потврди за АЛСАТ министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. За едниот констатиран прекршок во 2020 година платил глоба од 1.500 евра, а за вториот прекршок добил забелешки и ги исправил.
Според министерката и покрај сето ова, нема пречки Толај да продолжи да биде директор, додека повторно не се утврди дека незаконски користел државни средства.
АЛСАТ побара став и од вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Гркова. Побаравме одговор колку е добро владеењето на албанскиот Ансамбл за песни и ора и колку е во согласност со Етичкиот кодекс одобрен од Владата. Од кабинетот на вицепремиерката само ни рекоа дека сите институции треба да постапуваат согласно законските надлежности, но не кажаа ниту збор дали во овој случај има прекршувања.
„Одговорното управување и транспарентноста на институциите е одговорност на сите избрани функционери, без исклучок. Надлежните институции се должни да ги преземат сите мерки согласно сите законски надлежности за да се обезбеди професионална и одговорна работа, што е во интерес на граѓаните“, Кабинетот на вицепремиерката Гркова
Од друга страна, член 3 и член 23 од Етичкиот кодекс донесен од самата Влада, ги обврзуваат функционерите да бидат одговорни, транспарентни, ефикасни и економични и да одговараат за својата работа . Но, ако го повторат делото тогаш:
„Тоа мора да повлече политичка одговорност, односно барање за оставка на носителот на јавна функција или предлог за негово разрешување или покренување иницијатива за известување на надлежните институции, во рок од еден месец, за непочитување на законот за борба против корупцијата и судирот на интереси…“, Етички кодекс, член 23
АЛСАТ вчера објави детали од Извештајот од инспекцискиот надзор во Министерството за култура, каде пишува дека директорот на Ансамблот, Шкодран Толај, трошел надвор од законските рамки за билети и хонорари за патувања во странство, за плаќање на камати и извршители поради ненавремено плаќања, потоа се ставало гориво во приватно возило и други неправилности. Инаку, Толај на социјалните мрежи често постира изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и се прикажува како негов близок пријател. Ахмети пак, побара да одговараат сите кои ја му нарушиле дадената доверба. /Аслат.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…
НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…
Покана за промоција на Монографијата посветена на…
Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…
Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната…
Министерството за култура тврди дека директорката на…
Актерот Симонов добитник на престижната награда „Ристо…
Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен…
Драган Мијалковски синоќа го отвори „Карпошово културно…
Легендарниот Драган Мијалковски, со своите безвременски хитови,…