Министерот кој ја критикуваше реформата на Нетанјаху останува на функција: Протестите не стивнуваат
Стотици Израелци протестираа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа прес-конференција на која за последниот бран терористички напади ја обвини опозицијата и критичарите на контроверзните реформи во правосудството.
Нетанјаху, исто така, синоќа изјави дека Јоав Галант, кој го разреши во март поради јавен повик да се запре спроведувањето на планот за реформи, ќе остане министер за одбрана.
Одлуката за разрешување на Галант пред две недели предизвика големи протести и генерален штрајк, поради што Нетанјаху ја одложи реформата за еден месец.
„Наместо да преземе одговорност за неодамнешните инциденти и да понуди решенија за подобрување на ситуацијата (Нетанјаху) реши да покаже со прст. Ова не е лидерство, туку кукавичлук и слабост“, се вели во соопштението на протестна група на студенти и најави дека протестите ќе продолжат за иднината во која благосостојбата на граѓаните е од најголема важност.
Поради демонстрациите што избија доцна синоќа во Тел Авив, полицијата затвори неколку патишта околу улицата Каплан каде се одржуваше централниот протест.
Полицијата соопшти дека демонстрациите биле незаконски, а учесниците одговорија дека „не постојат елегални демонстрации“.
Некои демонстранти истрчаа на автопатот и накратко го блокираа сообраќајот, избегнувајќи ги бариерите поставени од полицијата.
Две лица се уапсени во Тел Авив под сомнение дека го нарушиле јавниот ред и мир.
Помали демонстрации беа одржани на неколку места во земјата, вклучувајќи ја и Хаифа.
Стотици илјади луѓе со месеци протестираат низ Израел против напорите на владата да го ослабне судскиот систем и да ја зајакне извршната власт.
Демонстрациите продолжија и покрај одлуката на владејачката коалиција привремено да паузира откако Нетанјаху го замени Галант, кој предупреди на безбедносните последици од реформите и повика на прекин на разговорите со опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…
Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…
(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…
Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…
Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци…
Веќе 6 месеци трае преписката на синдикатот…
Вашингтон Пост: Нетанјаху го штитеше Xамаc
Израелскиот премиер го запре секој обид за…
Нетанјаху: Израел ќе удри по Xамаc „со…
Премиерот рече дека ќе го одложи продолжувањето…