Министерот Меџити и градоначалникот Атанасовски два месеци свесно го труеле населението во кочанско и Овче Поле

t

Министерот Меџити и градоначалникот Атанасовски два месеци свесно го труеле населението во кочанско и Овче Поле, реагираат од Левица.

– Официјалните анализи на водата во езерото Калиманци покажуваат значајно присуство на недозволени количини од опасни тешки метали како: манган, жива, цинк, арсен и кадмиум во водата. За овие застрашувачки информации општината Македонска Каменица и Министерството за животна средина молчеле и не постапиле, иако биле запознаени со ситуацијата уште во месец август.

Масовниот помор на риби во езерото е показател за флагрантната негрижа на надлежните институции кон животната средина и здравјето на граѓаните. Имено, водата од ова езеро се употребува и за наводнување на земјоделските површини во Кочанската и Овчеполската котлина, кои претставуваат извор на храна за населението.

Ги прашуваме градоначалникот на Македонска Каменица – Димчо Атанасовски и Mинистерот за животна средина – Изет Меџити: Зошто овие информации се чувани во тајност кога јавниот интерес бара итна реакција? Повеќемесечното игнорирање значи период кога жителите на овој регион, како и живиот свет во езерото, биле изложени на потенцијално застрашувачки последици.

Очигледно ниту централната, ниту локалната власт не го ставаат здравјето на граѓаните како приоритет. Левица бара итно преземање на одговорност од оние кои ја прикриле вистината, сериозни санкции за загадувачите, и оние кои го донеле езерото во ваква состојба! Неопходна е брза и целосна санација на езерото Калиманци, отстранување на сите тешки метали, како и политичка одговорност и поднесување на оставки од страна на градоначалникот и Министерот.

За оваа еколошка катастрофа, Левица најавува соодветни пријави до надлежните органи, соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Меџити и градоначалникот Атанасовски два месеци…

Министерот Меџити и градоначалникот Атанасовски два месеци…

Левица ги доби Мицкоски и Тошковски на…

Левица го доби судскиот спор за клевета…

Левица: Филков должи одговор за помилувањата на…

Одлуката за помилување на прочуени криминалци докажува…

Левица: Сиљановска ја погази својата професија и…

Скандалозната одлука на претседателката Сиљановска да помилува…

Левица: Со европски цени и македонски плати,…

Иако платите се повеќе од 2,5 пати…