Министерот Шаќири: Квалитетното образование е приоритет на Владата – Инклузивноста е еден од столбовите на реформата во овој сектор
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска, по повод Меѓународниот ден на Ромите, имаше средба со пратеничката Љатифа Шиковска и со Елвис Мемети, советник на премиерот за ромски прашања. Честитајќи го празникот, Шаќири нагласи дека висок приоритет на Владата и на Министерството е обезбедувањето на квалитетно образование за секое дете.
– Инклузивноста е еден од столбовите на реформата на образованието. Затоа, преку различни форми на поддршка ја подобруваме вклученоста на децата од ромската заедница во училиште и го намалуваме напуштањето на воспитно-образовниот процес. Наша цел е да изградиме генерации кои поседуваат вредности како што се недисриминација, толеранција и почитување на различностите во општеството, рече министерот.
Шаќири укажа дека и покрај медијаторската помош, проектната поддршка и стипендиите, што сега се обезбедени, Министерството е тука да ги ислуша и прифати сугестиите кои водат кон зголемен образовен опфат на децата Роми, со што се зголемуваат можностите за нивна индивидуална и општествена реализација. Тоа е единствен правилен пат за надминување на предизвиците и за унапредувањето на правата на Ромите во нашата држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…
Во новата учебна година се запишале 500…
Конечно – Се воведуваат стручна матура и…
Владата, на денешната седница, утврди текст на…
Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…
Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…
МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…
Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…
По барање на Левица, МОН ги одзеде…
Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…