Министерството за животна средина одзема ингеренции од Општина Свети Николе
Министрството за животна средина и просторно планирање ја отпочна постапката за одземање на ингеренциите на Општина Свети Николе, во делот со управувањето со регионалното претпријатие, кое ќе го менаџира работењето на регионалната депонија и фабриката за отпад.
Со тоа, проектот за чија реализација се согласни 18 општини од источниот и североисточниот плански регион нема да биде стопиран.
-Побаравме од Министерството за животна средина да ја откочи постапката, имајќи во предвид дека е блокирана од страна на градоначалникот на општина Свети Николе и следна фаза е одземање на надлежностите и ингеренциите од страна на Министерството за животна средина од градоначалникот на Свети Николе, изјави Иван Јорданов, претседател на Источен плански регион.
Наместо општината, Министерството ќе предложи двајца претстaвници, жители на Свети Николе за членови на УО на претпријатието, по што процесот ќе продолжи и ќе се распише тендер за изградба.
Од локалната самоуправа се противат на одбраната локација, фабриката за отпад и депонијата да се гради во близина на с.Мечкуевци во Овче Поле. Меѓутоа, проектот е во по одмината фаза, изработена е студија во вредност од 850.000 евра, финансирана со европски пари.
Целиот проект чини 46 милиони евра, а Штип, Куманово и Свети Николе искористија дел од средствата за набавка на камиони и контејнери.
Извор: Сител ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Недела – неработен ден: Државниот инспекторат за…
ржавниот инспекторат за труд (ДИТ) најави дека…