Министерството за здравство воведе нов електронски модул за донации, испраќа јасна порака до донаторите
Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи.
Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали се донирани медицински материјали, апарати, и сл. Статистичките податоци покажуваат дека 85% од дадените донации досега се состојат од медицински материјали, вклучувајќи лекови, вакцини, апарати за некои јавни здравствени установи и други материјали.
– Од самиот модул се гледа дека донациите доаѓаат од широк спектар донатори – од меѓународни институции и организации, држави и хуманитарни фондации. Токму нивната поддршка е клучна потврда за довербата и значењето што го има нашиот здравствен систем. Досега во модулот се евидентирани над 400 донации, процесот на регистрирање се уште е во тек и оваа бројка ќе биде уште поголема, што зборува за тоа дека расте довербата на меѓународните партнери и пријателски држави во нашиот здравствен систем, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, се вели во соопштението од МЗ.
Целта е да обезбедиме координација и одобрување на донациите, а воедно да се избегнат ситуации кога пристигнува апаратура со различни оперативни системи или опрема за која нема достапни резервни делови и сервис во нашата земја.
– Со овој модул, испраќаме јасна порака дека во здравството нема скриени процеси и тајни договори, дека секоја донација е видлива, секоја помош е евидентирана, а секој граѓанин има право на информација, заклучи министерот Алиу, информираат од МЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за здравство воведе нов електронски модул…
Министерството за здравство информира дека е воведен…
Македонија преживуваше драматичен ден, пожарот во Јасен…
На територијата на Македонија до утрово биле…
(Видео) Вучиќ ги повика претставниците на „студентското…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани сите…
Орбан фотографиран на јахта во Хрватска: „Шефот…
Лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар, објави…
(Фото) Мистерија во Абу Даби: Археолошко откритие…
Значајно археолошко откритие во Обединетите Арапски Емирати…