Министерството за култура очекува околу 1,5 милиони странски туристи до крајот на годинава

t

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од 2025, во однос на истиот период од минатата година. Ако се задржи ваквиот тренд, се очекува дека бројот ќе достигне околу 1,5 милиони странски туристи до крајот на годинава, според пресметки на локалните туристички работници. Ова би можело да донесе приходи до 500 милиони евра и важно е државата и бизнисите да инвестираат во инфраструктурата, зајакнување на туристичките капацитети, развој на одржлив туризам и рамномерен регионален развој за да го одржат темпото и да извлечат максимум корист, велат од Министерството за култура и туризам преку соопштение.

Оттаму додаваат дека првите четири месеци од 2025 година ја потврдуваат позитивната насока на македонскиот туризам. Според ресорот предводен од министерот Зоран Љутков, динамиката за 2025 ветува и Македонија се позиционира како атрактивна, достапна и гостопримлива дестинација на Балканот.

-Последните официјални податоци за туризмот покажуваат значителен пораст на странски туристи, и тоа во месеците кои традиционално не се сметаат за туристички пик. Овој тренд ја потврдува позицијата на Македонија како дестинација која нуди уникатни туристички доживувања во текот на целата година. Туристите од Турција и понатаму се најбројни, со учество до 42% меѓу странските гости и постојан раст. Србија покажува исто така забележителен подем, односно раст од 20–30%, особено во Скопје и Охрид. Раст бележат и Германија, Грција, Хрватска и Романија, кои остануваат меѓу првите 10 пазари. Пазарите како Бугарија, Албанија и Словенија се стабилни, додека кај држави како Косово, САД, Италија и Холандија не се забележани значајни промени, потенцираат од Министерството за култур и туризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдоски: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во културата, на…

Прес-конференција, Мирче Најдоски, претседател на Комисија за…

Нема плати ни во Министерството за култура:…

17ти април, два дена после законскиот рок…

Синдикатот на култура излегува на протести!

Синдикатот на култура излегува на протести, објавија…

„На Љутков приоритет му е да го…

Синдикатот на вработените во Македонската филхармонија е…

Конкурсите за поддршка на проекти од културата…

Министерството за култура и туризам утре ќе…