Министерството за култура ќе ги реставрира и заштити одбележјата на НОБ ама од догодина
Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска денеска најави дека ќе се реставрираат, реконструираат и одржуваат спомен-обележјата од Народноослободителната борба, со почеток од следната година.
За оваа активност ќе бидат задолжени четири национални установи, а реставрацијата е предвидена во Националната стратегија за зачувување на спомениците која е во изработка.
Од Министерството за култура реагираа откако во јавноста се прошири веста за неколку споменици кои се во лоша состојба, како на пример Спомен-костурницата во Куманово, како и распаѓањето на училиштето во Подвис, кое е прогласено за културно наследство бидејќи токму таму за првпат е одржана настава на македонски јазик.
„Ги исчитав сите реакции во однос на Спомен-костурницата во Куманово и училиштето во Подвис. Не дека на нив не се работи, секој споменик е во надлежност на соодветен Завод и музеј, кој преку својата годишна програма добива соодветни средства и понатаму ги реконструира или работи секакви зафати за да се реконструираат и да не бидат во ваква состојба во која што се. Ние решивме дека во 2023 година ќе започнеме со еден вид национална стреатегија, каде ќе поделиме надлежност на четири музеи кои ќе добијат пари од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес и кои ќе бидат фокусирани строго на овие спомен-обележја од периодот на НОБ“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.
Министерката информираше и за Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес, кој стартува в понеделник и ќе трае еден месец. Оваа година ќе се аплицира преку националниот портал „Е-услуги”, наместо како досега преку сајтот на Министерството.
-Вака се поедноставува процедурата и се заштедува време на апликантите. Оваа година ваквиот начин на конкурирање ќе придонесе и за навремени решенија за добиените проекти, кои лани доцнеа неколку месеци, вели Костадиновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата од НОБ во…
„Заштитата на културното наследство мора да е…
Зечевиќ: Оддаваме почит на НОБ и порачуваме…
Тука сме да им оддадеме почит на…
Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…
НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…
Покана за промоција на Монографијата посветена на…
Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…
(Видео) Михајло Апотолски е еден од најсветлите…
Михајло Апостолски бил еден од ретките учесници…