Министерството за одбрана на Русија: Соборени се два украински авиони Су-24, дивизија С-300, четири складишта за оружје и муниција..
Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков, на утринскиот брифинг ги објави најновите резултати од специјалната воена операција во Украина.
Воздухопловно-космичките сили на Русија погодија два командни центри, како и 13 позиции на украинската армија, вклучително и единици на странски платеници;
Соборени се два украински авиони Су-24, дивизија С-300, како и четири складишта за оружје и муниција;
Оперативно-тактичката авијација погоди три командни центри, 41 позиција на украинската армија, како и складиште за муниција. Во нападите загинаа повеќе од 270 екстремисти и беа уништени 54 единици воена опрема;
Ракетните сили и артилерија погодија 76 командни пунктови, 421 позиција на украинската армија, како и 147 артилериски и минофрлачки точки;
Руската воздушна одбрана собори еден украински Су-25 и МиГ-29. Уништени се 15 украински беспилотни летала, пресретнати се осум украински ракети од системот „Торнадо“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…