Министерство за здравство ја демантиpаше д-р Струлакова–Коровешоска, немало потврден случај на омикрон во Струга
Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 детектиран е сојот омикрон само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија. Утврдување на присуство на сој на вирусот SarsCov2 се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, ПЦР тестирањето, односно детектирање на S-gene dropout може да биде само индикација но не и потврда дека пациент е заразен со сојот омикрон на Ковид 19. Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на Ковид 19, детектиран е S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга. На пациентите им е направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите ставени се во изолација лица со кои биле во контакт. Министерството за здравство апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението.
Претходно беше објавено дека е потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, врз основа на изјава за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска.
Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.
Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави Струлакова – Коровешоска.
Според анкетниот лист, посочи дека лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кардиолозите велат дека оваа масна храна е…
Научните истражувања покажуваат дека исхраната богата со…
ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ ОВИЕ ПОЧЕТНИЧКИ ГРЕШКИ,…
За жал, сите сме се нашле во…
103-годишен лекар ја испробал на себе: Ја…
Познатиот лекар никогаш не се здебелил и…
За првпат во Македонија изваден тумор од…
Вчера се испиша ново поглавје во историјата…
Во кисел организам настануваат најтешките болести: Доктор…
Како преку исхраната да ја постигнете основноста…