Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната директорка ја водела Филхармонија
Министерството за култура тврди дека директорката на Филхармонијата, Тина Иванова, е разрешена поради низа законски повреди и неусогласености во работењето, што било утврдено од страна на увидот на комисијата на Министерството.
„Од документацијата и направените записници се заклучува дека директорката Иванова постапувала несоодветно, несовесно, неекономично, неуредно, ненавремено и спротивно на склучените договори и правилници при издавање на просториите на Филхармонијата. Одговорното лице на установата склучувало договори, кои самото не ги почитувало, и прекршен е правилникот на установата, кој го донел Управниот одбор“, велат од Министерството за култура.
Се додава дека скандалозно и вџашувачки е да се увиди како досегашната директорка ја водела Филхармонијата бидејќи преку овие активности несовесно постапувале и не спречиле несовесно постапување и членовите на Управниот одбор, па разрешени се и тие.
За в.д. директор е назначен Даниел Лазаровски од редот на вработените во Филхармонијата.
Министерството за култура ги отфрла сите инсинуации на досегашната директорка на Филхармонијата, Тина Иванова, како целосно произволни, неточни и најблаго речено – невистинити.
Иванова претходно објави дека била разрешена оти застанала на страната на колективот за време на протестите поради вдомувањето на џез-оркестарот во истата зграда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…
НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…
Покана за промоција на Монографијата посветена на…
Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…
Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната…
Министерството за култура тврди дека директорката на…
Актерот Симонов добитник на престижната награда „Ристо…
Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен…
Драган Мијалковски синоќа го отвори „Карпошово културно…
Легендарниот Драган Мијалковски, со своите безвременски хитови,…